Испил отров по поразот на Бразил од Аргентина

Аргентина синоќа го освои трофеот во Копа Америка откако во големото финале на „Маракана“ славеше над Бразил со 1-0, резултат што се претвори во трагедија за едно семејство од Бангладеш.

Од тага поради поразот на Бразил еден фудбалски фанатик од Бангладеш испил отров. Полицијата соопшти дека се работи за 20-годишниот Мохамед Камалу кој во моментов е во болница. Жителите на градчето Кокс Базару велат дека тој наутро го гледал финалето и дека тешко го проживеал тоа што се случило на Маракана.

Кога Аргентина го освоила трофејот тој се вознемирил и решил да се напие отров. Од болницата велат дека тој бил донесен во несвесна состојба, а во моментов се наоѓа на интензивна нега.

Се вчитува...