Младост 96 од Прилеп е есенски шампион на Македонија во пинг-понг

По одигрувањето на последниот турнир од есенскиот дел на првенството во пинг-понг во најсилната лига на Македонија екипата на Младост 96 од Прилеп со максимален учинок, девет победи од девет одиграни натпревари, неприкосновено го освои првото место.

На второто место есенскиот шампионат го заврши уште една прилепска екипа, Младост кој единствениот пораз го забележа против градскиот ривал Младост 96. Во последните две кола Младост забележа минимални победи од 4-3, против директниот конкурент за второто место, штипските Шампион ФА и екипата на НЕЦ 2.

Од 4. до 7. место потполно изедначени според бодовната состојба се наоѓаат четири екипи, новиот суперлигаш Крива Паланка 2007 е на четвртото место, петтопласиран е Вардар кој после почетните четири порази на почетокот на сезоната во следните пет кола забележа четири победи, а шеста е екипата на НЕЦ 2 за која настапува и Србинот Милош Миленковиќ, кој во есенскиот дел од сезоната нема пораз. На седмото место е Работнички кој загуби во последните две кола и од четвртото место дојде до седмото место на табелата. Радовиш е осмопласиран со бод повеќе од екипата на НЕЦ. Последна е екипата на Струга која во есенскиот дел не забележа ниту една победа.

Натпреварите од Супер лигата продолжуваат на пролет. Следно на пингпонгарската сцена во есенскиот дел од сезоната се натпреварите од јуниорската лига и рангирните Мастерс-турнири во сите категории.

СУПЕР ЛИГА – 8. КОЛО

Работнички – Вардар 3-4

Нец – Струга 4-0

Шампион ФА – Младост 3-4

Нец 2 – Радовиш 4-2

Младост 96 – Крива Паланка 2007 4-2

СУПЕР ЛИГА – 9. КОЛО

Крива Паланка 2007 – Работнички 4-2

Радовиш – Младост 96 0-4

Младост – Нец 2 4-3

Струга – Шампион ФА 1-4

Вардар – Нец 4-1

 

Се вчитува...