ММА борец брутално убиен во САД

Еден од најдобрите ММА борци, Американецот Ајзеа Чапман синоќа бил брутално изрешетан пред својот дом во Охајо.

30-годишниот борец бил грозоморно убиен, буквално изрешетан со повреќе прострелни рани од огнено оружје. Од полицијата од САД информираат дека се уште не се разјаснети причините за убиството и околностите под кои е извршено истото а властите се уште трагаат и по напаѓачите.

Смртта на Чапман, кој зад себе остави сопруга и три деца, со огромно жалење ја примил и промоторот на Белатор шампионатот, натпреварување во кое Ајзеа имаше биланс од девет победи и четири порази. Негова последна борба беше минатата година.

Се вчитува...