Повеќе од интересен, квалитетен, дерби-дуел демонстрираа Вардар и Шкендија на арената „Тодор Проески“ во првото пролетно коло од Првата македонска фудбалска лига.
„Вардарци“ демонстрираа некој сосема поразличен изглед во однос на есенскиот дел од сезоната, со нов квалитет во играта максимално парирајќи на една од најдобрите екипи во првенството, веројатно и заслужувајќи и реми ако се погледнат сите случувања на теренот, но Шкендија на крај, низ многу борба, дојде до трите бода со кои го презеде лидерството во шампионатот.
Шкендија и тоа како демонстрираше, дека и кога не го презентира веројатно најдоброто од себе, знае како до бодовите, со што се издвои и на врвот од табелата во битката за трофејот…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА