Модриќ емотивно се збогуваше со Бензема: Ти си посебен…

Карим Бензема по 14 години поминати во Реал Мадрид ќе ја промени средината. Францускиот голгетер кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија каде ќе потпише двогодишен договор вреден 200 милиони евра.

Бензема заминува од „Сантијаго Бернабеу“ како еден од најтрофејните во историјата што беше повод да добие специјално збогување пред преполниот стадион, а сега емотивна порака испрати и неговиот соиграч Лука Модриќ.

„Истовремено сум тажен и горд бидејќи имав чест 11 години да играм со еден од најдобрите фудбалски таленти. Знаев дека си одличен играч од моментот кога стигнав тука, но веќе на првиот тренинг сфатив колку си посебен. Покрај тоа што си неверојатен фудбалер, низ годините поминати заедно и историјата која ја испишавме заедно сфатив колку си посебна личност. Веќе ми недостасуваш, ти благодарам за се и ти посакувам многу среќа на новиот предизвик“, напиша Модриќ.

Се вчитува...