Лука Модриќ планира да игра фудбал уште една година, но тоа ќе се однесува само на клупски, не и на репрезентативен план. Легендарниот Хрват веќе ги договорил деталите за новиот едногодишен договор со Милан, каде сака да мине уште 12 месеци пред и официјално да му каже збогум на фудбалот.
Новиот хрватски селектор Славен Билиќ веднаш стави до знаење дека планира да разговара со Модриќ и да го убеди да продолжи да ги брани боите на „коцкестите“, но Билиќ не успеал во таа своја намера.
Според „Газета дело спорт“, Модриќ го ислушал новиот селектор, му се заблагодарил на довербата, но веднаш потоа му ставил до знаење дека не планира уште една година да игра за Хрватска.
Тој смета дека настапот на петтиот мундијал е идеален за крај на репрезентативната кариера, а Модриќ прифатил да се појави во коцкестиот дрес на дуелот од Лигата на Нации против Шпанија во Сплит, што ќе значи и негово официјално збогување од репрезентацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
