Модриќ со супер-јубилеј, ова им успеало само уште на тројца во историјата

Лука Модриќ продолжува да воодушевува и на 40-годишна возраст, а легендарниот Хрват на следниот натпревар на „коцкестите“,, против селекцијата на Панама ќе испише нова страница во својата извонредна кариера.

Имено, тој натпревар ќе биде меч број 200 за Модриќ во репрезентативната кариера, неверојатен јубилеј што досега го прославиле само тројца фудбалери во историјата на светскиот фудбал.

На врвот очекувано е Кристијано Роналдо со 229 настапи за Португалија, втор е Бадер ал Мутава со 202 натпревари за Кувајт, додека Лео Меси пред неколку дена против Алжир влезе во „клубот 200“ на светскиот фудбал.

Модриќ настапи на пет светски и на пет европски првенства за Хрватска, а своето деби го имаше во 2006 година, во победата над Аргентина од 3-2. Својот прв гол за Хрватска тој го постигна во септември 2006, во победата на Хрватска над тогашниот светски првак Италија со 0-2.

„Оваа авантура е фантастична, не можев ни да помислам дека ќе играм на пет светски првенства. Кога ќе се вратам на почеток, бев само момче со големи соништа. Сонував за еден настап за Хрватска, а наскоро ќе имам 200. Секое првенство ме направи подобар, растев како играч и како личност, со сите селектори и соиграчи“, истакна Лука Модриќ.

Се вчитува...