Крилниот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах, ја освои наградата за играч на годината од Здружението на професионални фудбалери, а играчот од средниот ред на Астон Вила, Морган Роџерс, е прогласен за млад играч на годината.
Египѓанецот стана првиот играч кој трет пат го добива ова признание, откако одигра клучна улога во освојување на титулата минатата сезона.
Египетскиот репрезентативец беше најдобар стрелец во Премиер лигата во сезоната 2024-25 – запиша 29 гола и имаше 18 асистенции.
Соиграчот од „Редси“ Алексис Мек Алистер, капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандес, напаѓачот на Њукасл, Александар Исак, напаѓачот на Челзи, Кол Палмер и играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс, исто така беа на списокот.
PFA premier League Team of the year.
Three Liverpool player Van dyke, Ma Allister, Salah, Gravenberch.. pic.twitter.com/vy5PuHYWtD
— The slim one (@Slimdaddiiii) August 19, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

