Мојсоски во увид на реконструкцијата на стадионот во Велес

Директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсоски заедно со градоначалникот на општина Велес Аце Коцевски направија увид во спроведената реконструкција на Градскиот фудбалски стадион во Велес.

Фудбалскиот стадион е еден од проектите во програмата на Агенцијата за млади и спорт, чија реконструкција чинеше 12,210,341,00 денари, а со тоа Градот Велес доби современ фудбалски стадион кој ги исполнува условите од втората категорија на УЕФА и е со капацитет наменет за 4.000 гледачи.

Директорот Мојсовски изјави дека АМС ќе продолжи со инвестиции во спортската инфраструктура во Велес, притоа најавувајќи ја инвестицијата за изградба на Затворен пливачки базен како и спортската сала во Велес ќе биде дел од проектот за подобрување на условите за спортување преку затоплување на спортските сали.

Се вчитува...