Мојсовски: Да најдеме начин спортот да опстои

Зголемените бројки на заразени од Covid-19 се јасна најава за нови рестрикции, а Министерот за Здравство, Венко Филипче во петокот во изјава најави дека една од наредните мерки што ќе биде побарана и целосна забрана за сите настани. Во оваа категорија несомнено спаѓаат и спортските настани, но новиот Директор на Агенцијата за Млади и Спорт, Наумче Мојсовски, верува дека ќе биде најден начин професионалните спортски лиги да се одржат според специјални протоколи.

В среда и официјално ќе стапам на функцијата, но секако дека и во меѓувреме ги следам случувањата. Ситуацијата е крајно сериозна, но мое мислење е дека треба да најдеме начин спортот да опстои и во овие тешки времиња. Ќе следат разговори во наредниот период, но верувам дека ќе се најде модулот барем оној професионален спорт да се одржи. Дали тоа ќе биде со скратена сезона, турниски во „балон“, или некој трет начин, ќе се седне, ќе се разговара и верувам дека ќе ја најдеме вистинската опција. Како поранешен професионален спортист добро знам колку е важно да не дојде до нова пауза. Денеска ќе има нови разговори во Владата околу новите мерки што се предвидуваат, верувам дека ќе имам добра соработка со надлежните институции и дека ќе биде најдено решение што нема да претставува ризик за здравјето на спортистите, што ќе овозможи оваа сезона да не биде укината. Да не заборавиме, имаме клубови и репрезентации во меѓународни натпреварувања, така што целосната забрана за спортски настани би можела да има несакани последици и од овој аспект“, истакнува Мојсовски за ЕКИПА.

Долгогодишинот ракометен репрезентативец на функцијата Директор во Агенцијата за Млади и Спорт го наследи Дарко Каевски.

Се вчитува...