Моќен говор на Новак Ѓоковиќ: Не е важно од каде доаѓате, спортот ги обединува луѓето

Новак Ѓоковиќ само ја потврди својата доминација на светската спортска сцена откако Србинот беше избран за најдобар спортист, по петти пат во кариерата добивајќи го престижното признание „Лауреус“.

Поздравен од присутните на гала-вечерата, најдобриот светски тенисер испрати моќна порака, добивајќи овации од гостите…

„Благодарам на сите. Нереално е токму ти да ми ја даваш оваа награда (кон Том Брејди). Ти си мој спортски херој, мој голем пријател, некој на кого се воодушевувам во животот, не само во спортот. Овие час и половина гледам неверојатни спортисти, сите кои се во оваа просторија, кои имаа така големо влијание врз спортост во 2023. Вие сте инспирација за луѓто во светот, со вашиот скок, додавање, кош… честитам на сите за номинациите и наградите. Ова е специјална организација, чест ми е што уште во 2012 имав можност за првпат да ја добијам оваа награда. Основачот на оваа Спортска Академија заедно со Нелсон Мандела, кој беше прв претседател, заедно порачаа дека спортот има сила да го промени светот. Сега имаме можност да видиме дека децата можат да изберат спорт, а не улица, па преку спортот да развиваат некои суштински знаења и да тргнат во вистински правец во животот. Благодарност до Академијата која во овие 25 години се обидува да ги унапреди животите на речиси седум милиони деца. За мене е прекрасно чувството што сум дел од нешто што обединува, што ви го покажува вистинскиот пат, без разлика од каде доаѓате, која ви е бојата на кожата, на каков јазик зборувате. Спортот има моќ да инспирира и да ги обединува луѓето“, рече Новак Ѓоковиќ на гала-вечерата во Мадрид.

Се вчитува...