Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжуваат со сто отстотна успешност на подготовките во Австралија. По убедливиот триумф над Ливерпул со 4-0, овој пат избраниците на Ерик тен Хаг славеа над Мелбурн виктори со 4-1.
Гостите први поведоа преку Икономидас во 5. минута, но веќе до полувремето Англичаните успеаја да стигнат до целосен пресврт со головите на Мектоминеј и Марсијал. Голеадата продолжи и во второто полувреме во кое мрежата ја затресе и Рашфорд, а Лупанку со автогол во 90. минута го постави конечниот резултат.
Интересно на натпреварот настапи и поранешниот „ѓавол“, Нани кој од оваа сезона е дел од мелбурнскиот тим. Тој влезе во игра во 88. минута и доби голем аплауз на „Крикет граунд“.
A very wholesome moment with @LuisNani 🥰#MUFC || #MUTOUR22
— Manchester United (@ManUtd) July 15, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА