Монако се наоѓа пред целосно гаснење откако поранешниот вицешампион на Европа ја загуби и последната битка за да биде вратен во рангот на натпреварување во француските кошаркарски лиги.
„Кнезовите“ во последната сезона се соочија со огромни финансиски проблеми, а насобраните долгови придонесоа клубот да не добие лиценца за натпреварување. Следеа неколку жалби, а последната надеж падна во вода откако Француската кошаркарска федерација остана на ставот, одбивајќи ги и последните аргументи на овој клуб да биде вратен во елитата.
Одлуката значи дека Монако не смее да се натпреварите во првите две лиги, што практично значи и бришње на клубот од мапата на кошаркарска Франција.
Претходно беше најавувано дека „кнезовите“ ќе бидат дел од Еврокупот, но по ваквата разврска на домашната сцена сега и оваа опција е сериозно загрозена, па огромни се шансите кошаркарскиот клуб на Монако летово и целосно да престане да постои.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
