Монако ја наполни мрежата на Мец (ВИДЕО)

Монако продолжува со одличните партии во француската Лига 1 откако денеска во 31. коло славеше над Мец со убедливи 4-0. Фабрегас во 50. минута од пенал донесе водство за домаќините. На 2-0 зголеми Воланд само две минути подоцна. Бен Једер во 77. донесе водство од 3-0, додека истиот фудбалер со гол од пенал во 88. ги постави конечните 4-0.

Монако со овој триумф се искачи на 3. место на табелата со 62 бода, односно само еден помалку од водечкиот двоец ПСЖ и Лил кои имаат и натпревар помалку. Мец останува 9. со 42 бода.

 

 

 

Се вчитува...