Монако подобар од Бордо, ја продолжува трката за титула со Лил и ПСЖ (ВИДЕО)

Монако активно ја продолжува битката за шампионската титула во Франција со Лил и ПСЖ, откако славеше со 0-3 на гостувањето против Бордо во 33. коло од Лига 1.

Гостите триумфот го најавија со голот на Воланд уште во 29. минута, а Мартинс во 47. минута зголеми на 0-2.

 

Конечните 0-3 ги постави Јоветиќ во 90. минута од средбата.

По оваа победа, Монако со 68 бода е на третата позиција, со само два бода од водечкиот Лил, а на еден бод од второпласираниот ПСЖ.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...