Доскорешниот редовен учесник во Евролигата, Монако, кој поради финансиски проблеми е исфрлен во петтата француска лига како и од Евролигата, сака да се натпреварува во регионалната АБА2 лига.
Сопствениците на Монако, претходно разговарале за влез во АБА-лигата, но бидејќи ждрепката за новата сезона е веќе извршена, тие побарале влез за АБА2 лигата во која се натпреваруваат и две македонски екипи, МЗТ Скопје и ТФТ, пишува српски „Меридианспорт“.
„Бараме надлежните органи во јадранската лига како приоритет да спроведат сеопфатна правна и регулаторна проценка за можноста Монако да се приклучи на АБА2 лигата“, стои меѓу другото во дописот кој Монако го испратил до челниците на Лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
