Монреал не игра против Сити, неизвесен и за дуелот со Милан

Дефанзивецот на Арсенал, Начо Монреал поради болки во грбот ќе го пропушти дербито против Манчестер сити кое е закажано за утре. Шпанецот ја заработи повредата токму против „граѓаните“ во финалето на Лига Купот изминатиов викенд, Колашинац го замени по само 26 минути игра.

Стратегот на „топчиите“, Арсен Венгер истакна дека Монреал нема да игра и во понеделник против Брајтон, а големи се шансите да го пропушти и првиот осминафинален дуел против Милан во Лигата на Европа.

„Монреал поради болки во грбот дефинитивно нема да игра на следните два меча, а во зависност од неговото закрепнување ќе се знае дали ќе може да игра против Милан следниот четврток, а можеби ќе пропушти и други натпревари“, истакна Венгер.

Арсенал утре повторно ќе ги вкрсти силите со Манчестер сити, но средбата ќе се игра во рамките од 28. коло во Премиер – лигата.

 

 

Се вчитува...