Нов спектакл на монструозната Барселона. Победа од 1-3 во Севилја водена од нескротливиот Бразилец Рафиња.
Каталонците сè чинеше дека во Севилја може да ја имаат првата вистинска пречка сезонава, посебно по водството на домашните од 1-0, но казнената експедиција на Флик не чекаше долго да се врати и победи во мечот.
Андалузијците дповедоа со голот на Фофана (удар со глава над хрватскиот голман Ливаковиќ на предната статива), но тоа беше само привид на контрола од страна на домаќините. Рафиња и Јамал танцуваа и оваа вечер.
Бразилецот постигна хет-трик, уште еден оваа сезона, и беше блиску до крунисување на натпреварот надвор од серијата со гол директно од корнер. Тогаш немаше среќа, во 64. минута, кога ја погоди втората статива од голот на андалузијците.
Рафиња го постигна првиот гол откако Кристенсен го пронајде со „долга“ топка длабоко во половината на Севилја.
Потоа, Рафиња го постигна вториот гол со глава, по центаршутот на Јамал, по што на сите им беше јасно дека бодовите ќе одат во Каталонија.
Третиот гол, за да се заокружи уште еден брилијантен настап, беше чист генијалец од неверојатниот Рафиња. Прием на топката, поглед кон голманот и рафиниран лоб…
🚨HAT TRICK
Raphinha’s class finish gives him 3 goals vs Sevilla pic.twitter.com/5hFqNv4HEG
— Polymarket Sports (@PolymarketSport) September 19, 2026
Верувале или не, тоа беше 14-ти гол на Бразилецот во осум натпревари во сите натпреварувања, 11-ти во Ла Лига.
Барса ја продолжи својата доминација со седмата победа во седум натпревари од новата сезона, или деветтата ако се погледне во сите натпреварувања. Гол-разликата на Каталонците во Ла Лига – 31:7! Каков тим!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
