Монтела: Македонија е организирана репрезентација, добро е што брзо го отворивме резултатот

ЕКИПА во Истанбул, Турција
Горан Бошев

Турција во моментов е за класа подобра од Македонија. Тоа го покажа и на вечерашниот „тест“ во Истанбул, во кој Турците на крајот славеа убедлив триумф од 4-0.

Селекторот на Турците, Винченцо Монтела по мечот видно задоволен од победата, кажа дека е задоволен од играта на својата селекција и од убедливата победа. Сепак, истакна и респект кон Македонија, за која смета дека е организирана репрезентација.

„Да бидеме реални ниту еден клуб и ниту една селекција не може да биде како некоја друга. Така и Македонија не може да биде Австралија, иако сметавме дека е блиску со нејзината игра. Македонија е многу организирана репрезентација. Ги гледавме и со Босна и со Ирска, и добивме впечаток дека играчите се константни и организирани. Добро е што дадовме гол на почетокот, и тоа како да ги пресече и затоа потоа играта беше таква каква што беше. Јас сакам да зборувам за моите играчи. Тие дадоа се од себе и направија успех“, рече Монтела.

Се вчитува...