Легендарниот српски кошаркар Жарко Паспаљ вели дека мора федерацијата да почне да размислува на натурализација на кошаркар. Поразот од Италија на Европското првенство, доведе до тоа веќе и во Србија да се размислува за странски кошаркар.
Паспаљ смета дека таа тема мора барем да се стави на маса и да се разговара за неа…
„Би рекол дека тоа е барем тема што треба да ја ставите на маса. Ние ја немаме на маса, таа тема ни е во подрум. Ова е тема за размислување, за ова треба да се зборува. Зошто мислиме дека ја сакаме нашата земја повеќе отколку што овие другите ја сакаат својата? Имаме и позитивни и негативни примери, на крајот и во нашата женска репрезентација има натурализиран играч. Денес можеш да имаш странец, утре не мора“, изјави Паспаљ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА