Мората се врати во Шпанија, новиот клуб е изненадување

Алваро Мората по неколку години пауза се враќа назад во шпанскиот фудбал откако 33-годишниот голгетер реши да си замине од Комо, свесен дека повеќе ќе ја нема улогата на стандарден првотимец по доаѓањето на Кеан од Фиорентина.

Изненадувачки, Мората кариерата ја продолжува во Леганес, шпанскиот второлигаш кој успеа да се договори со Комо, за едногодишна позајмица на поранешниот репрезентативец на „црвената фурија“.

Мората доаѓа како позајмен играч на една сезона, а италијанскиот клуб ќе покрива и дел од платата што Шпанецот ќе ја заработува во татковината.

Се вчитува...