Можат ли одбојкарите да ја освојат Украина? За ЕП се работи…

Против Украина која е сигурна на првата позиција, да се одигра доволно за да се извлече резултат поволен во пресрет на мечот со Унгарија кој треба да го потврди второто место на табелата кое би можело да води на Европското првенство. Во ваква ситуација е македонската одбојкарска репрезентација која треба да ги одигра двата последни натпревара од квлафикацискиот циклус.

Македонската репрезентација во пресрет на последните два дуела е на втората позиција на табелата зад неприкосновената и непоразена Украина. Нашиот тим има две победи и два пораза. Триумфите ги забележа во дуелите со Швајцарија и Унгарија на гости, а ги загуби во пет сета мечевите против Украина и против Швајцарија на домашен терен.

„Уште боли поразот во Скопје во август, водевме 2-0, но загубивме. Затоа сега сакаме победа со која ќе го завериме Европското првенство. Украина има голем фонд на играчи, на оваа средба дури и ќе имаат дополнителни квалитетни имиња кои не играа на првиот натпревар. Но, ние можеме против нив со кого и да излезат на теренот. Во играчка форма сме, ќе биде интересен натпревар. Од нас зависи“ – вели Ѓорѓи Ѓорѓиев во пресрет на мечот.

Победа против Украинците во последното коло би требало да е доволна за втората позиција во конечниот распоред, но дали би оделе на Европското првнество ќе зависи и од исходите во другите групи со оглед дека пет од второпласираните од седумте конкуренции обезведуваат место на континенталниот собир. Затоа македонската селекција ќе се обиде да освои што повеќе сетови на тешкото гостување во Запорожје.

Се вчитува...