Можен ли е пресврт? Борусија Дортмунд со понуда за Дибала

Италијанските медиуми во последните денови веќе го „промовираа“ Пауло Дибала како нов играч на Интер, но Аргентинецот се уште нема одлучено каде ќе се пресели по напуштањето на Јувентус. Последните информации велат дека во трката се вклучиле челниците на Борусија Дортмунд, кои сакаат да доведат уште еден врвен напаѓач во тимот по Адејеми од Салцбург.

После седум години минати во Јувентус, Дибала е подготвен за нов предизвик. Понудата од Борусија Дортмунд финансиски не е подобра од онаа на Интер. Интер наводно му нуди 6 милиони, додека „милионерите“ можат да му понудат 4,5 милиони годишно, плус бонуси.

Според кажувањата на агентот, напаѓачот во моментов размислува само за добри настапи во финишот од сезоната, а потоа ќе размислува за новиот клуб.

 

Се вчитува...