МОЖНИ СОСТАВИ: Клоп нема да ризикува со Тиаго, Анчелоти без дилеми

Се чини дека ниту Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, ниту тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти, немаат некои поголеми дилеми со кои играчи ќе настапат вечерва во големото финале во Лигата на шампионите.

Можеби единствена дилема на Јирген Клоп е дали да му даде шанса на Тиаго Алкантара во финалето веднаш во првите 11, или да го остави на клупата со оглед дека беше повреден и одреден период надвор од теренот. Доколку не добие шанса, тогаш во средниот ред ќе дејствуваат Фабињо, Хендерсон и Кеита. Во нападот ќе бидат Мане, Салах и Луис Диаз, додека во одбраната се чини нема никакви дилеми дека ќе бидат Александер-Арнолд, Ван Дајк, Конате и Робертсон. На голот исто нема дилеми дека ќе биде Алисон.

Ниту Карло Анчелоти нема некои поголеми дилеми. Ако нешто се мисли Италијанецот, тоа е дали да стартува со Родриго или Валверде. Се чини дека Родриго повторно ќе биде џокерот на Реал Мадрид, па ќе почне од клупата. Така на голот на Реал ќе биде сигурно Куртоа, додека сигурна е одбраната со Карвахал, Милитао, Алаба и Менди. Во средниот ред Крос, Модриќ и Каземиро, и во нападот Валверде и Винициус како крила, и Бензема најистурен во нападот.

Се вчитува...