MOZZART со донација на телевизори во Клиничката болница во Битола

Компанија Mozzart продолжува со општествено одговорните активности, овој пат со донација на телевизори во Клиничката болница во Битола. Донираните телевизори се распределуваат по просториите, со цел да им се овозможи поудобен престој на пациентите.

Донацијата за Клиничката болница во Битола е дел од големата хуманитарна кампања на Mozzart во која тие донираат телевизори во различни установи ширум целата држава, меѓу кои болници, домови за згрижување деца, домови за нега на стари лица, студентски домови, градинки и други установи и организации.

„Компанија Mozzart постојано го поддржува здравствениот систем преку различни акции и хуманитарни кампањи. Секоја донација дадена во финансиски средства или материјални добра е од голема вредност онаму каде што е потребна. Донацијата на телевизори е само една од низата хуманитарни акции кои ги спроведуваме периодов, а продолжуваме и понатаму со исто темпо. Со овие телевизори, се надеваме дека ќе помогнеме на пациентите да имаат поудобен престој и да се чувствуваат повеќе како дома, со цел полесно да ги пребродат тешките моменти низ кои поминуваат во оваа ситуација.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

„Огромна благодарност до компанијата Mozzart која повторно во своите хуманитарни кампањи ја вклучува и нашата болница, овојпат со телевизори, а пред неколку месеци и со финансиска помош од 5.000 евра за полесно справување со пандемијата од Ковид-19. Секоја донација ни е добредојдена во овие моменти, а ќе придонесе кон подобро функционирање на болницата. Се надевам дека и другите стопански субјекти во градот ќе го следат примерот  во општествената одговорност.“ – истакна директорката на клиниката, Д-р Билјана Гагачовска.

Компанијата Mozzart е препознатлива како општествено-одговорна компанија која настојува да биде вклучена во повеќе сфери и преку различни акции и кампањи да придонесе онаму каде што е најпотребно, па токму затоа и понатаму продолжува со хуманите гестови.

Се вчитува...