Mozzart со донација од 5.000 евра за Општата болница во Дебар

Компанијата Mozzart која во заедницата се истакнува со своите општествено одговорни активности, со хуманитарните акции не запира и за време на пандемијата на коронавирусот, која целосно го стопираше нивното работење.

Лидерот во областа на приредување на игри на среќа – Моzzart Bet, подготви вкупна донација за болниците во износ од 50.000 евра, а дел од овие средства се донираа во Општата болница во Дебар.

„Во име на вработените на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Дебар, се заблагодаруваме на реализираната донација од страна на компанијата Mozzart. Средствата ќе ги употребиме за справување со настанатата ситуација со појава на COVID-19, односно за потребите на сите пациенти на кои им е потребна здравствена грижа.“ – изјави Директорот на Општата Болница – Др. Спец. Баки Алили.

Како поддршка за непречено функционирање на здравствениот систем во овие кризни моменти, Мozzart истакна дека предвидените средства наменети за македонските болници се распределуваат по приоритет, онаму каде што е најмногу потребно во првата борбена линија за справување со коронавирусот.

Давајќи ја нашата несебична поддршка за непречено функционирање на нашиот здравствен систем во овие тешки и кризни моменти, вложуваме максимален напор во борбата со овој голем непријател. Се надеваме дека со оваа донација, ќе придонесеме во полесно справување со предизвикот кој ни претстои. Како и целиот свет и нашата земја не е одмината, а ваквите хуманитарни акции се од огромно значење. Како компанија која и досега е позната по својата голема општествена одговорност, ги повикуваме и другите компании и поединци да се вклучат кон овој пример.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

Досега Mozzart донираа 15.000 евра на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, 10.000 евра на Општата болница во Куманово и 5.000 евра на Општата болница во Дебар. Во следниот период ќе се реализираат уште неколку донации во вкупен износ од 20.000 евра, наменети за болниците во Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот.

Компанијата Mozzart е препознатлива како општествено-одговорна компанија која настојува да биде вклучена во повеќе сфери и преку различни акции и кампањи да придонесе онаму каде што е најпотребно, па токму затоа и ќе продолжи со хуманите гестови кои ќе помогнат во борбата со коронавирусот.

Се вчитува...