МТКФ организира семинар и интернационален турнир во Неа Флогита, Грција

Од денеска па до 16. јуни во Неа Флогита, Грција ќе се одржи јубилејниот 50. традиционален карате семинар и турнир „Неа Флогита 2018“.

Инструктори на карате семинарот ќе бидат Сенсеи Венцислав Недев 9 дан, Сенсеи Дејан Недев 6 дан и Сенсеи Аљоша Недев 6 дан. На семинарот ќе учествуваат тренери, судии и напреварувачи-каратисти од Македонија, Грција и Србија. Овој семинар веќе 20 години се организира на Егејското море од кој последните пет години се одржува во Неа Флогита.

Во минатото карате семинарите на МТКФ се организирале во Македонија во (Охрид, Струга и Дојран) на јадранско море во Црна Гора (Улцињ, Херцегнови, Будва) и на Црно море во Бугарија, (Приморско). На сите овие карате семинари инструктори биле најврвните светски карате мајстори како Сенсеи Хидетака Нишијама, Таиџи Казе, Хироши Шираи, Илија и Владимир Јорга.

Семинарот во Неа Флогита ќе биде и од подготвителен карактер за престојното ЕП кое од 14. до 16. септември ќе се одржи во Белград, Србија. На крај од семинарот се предвидени и полагања за појаси и лиценци за тренери и судии.

Се вчитува...