Му го „украде“ трофејот на Ливерпул во ЛШ, а потоа ги воодушеви навивачите со порака

Белгискиот голман Тибо Куртоа, беше апсолутен херој на вчерашното финале во Лигата на шампионите. Тој запиша девет одбрани во финалниот меч, или најмногу во целата Лига на шампиони, а во 59. минута неговиот соиграч Винисиус постигна гол со кој Реал на крајот го подигна големиот трофеј.

Куртоа заслужено е прогласен за играч на натпреварот, откако го „заклучи“ својот гол пред налетите на противникот. Иако им го „украде“ трофејот, на крајот Куртоа ја воодушеви јавноста со својата објава на „Твитер“. Тој утрово испрати порака до навивачите на Ливерпул кои имаа лошо искуство на стадионот. Поради оние кои влегле на стадионот без билети, некои со билети не можеа да влезат на Стад д Париз и да го гледаат натпреварот.

„Жал ми е за навивачите на Ливерпул поради начинот на кој беа третирани од страна на полицијата. Се надевам дека сите безбедно ќе заминат во своите домови“, напиша Куртоа.

Се вчитува...