Му здодеа во пензија: Том Брејди се враќа во НФЛ?

Том Брејди е подготвен за камбек во НФЛ-лигата откако 46-годишниот квотербек објави дека сериозно ја разгледува опцијата за враќање на терените.

Тој во 2022 година и официјално стави крај на кариерата откако одигра 22 сезони во НФЛ, 19 од нив со Њу Ингланд и три како предводник на Тампа Беј.

„Не сум против враќање. Ако на некој клуб му затреба итна опција за квотербек, јас сум тука. Во добра форма сум физички, се уште можам одлично да ја фрлам топката“, изјави Брејди.

Проблем може да претставува фактот дека овој седумкратен НФЛ-шампион во мај 2023 постигна договор да стане косопственик на тимот на Лас Вегас рејдерс. НФЛ се уште го нема одобрено овој договор за промена на сопственичката структура на овој клуб, но доколку тоа се случи би можело да претставува сериозна пречка за седумкратниот шампион да се врати на терените.

„Не знам дали ќе ми дозволат да се вратам како играч ако сум сопственик на клуб. Ако постои начин, јас дефинитивно не би имал ништо против. Да се вратам и да помогнам некому кога на некој тим ќе ми биде потребна помош“, истакна Том Брејди.

Се вчитува...