Муарем Бајрами го продолжи договорот со Македонија ЃП до 2024 година

Тренерот на Македонија ЃП, Муарем Бајрами ја продолжи верноста со тимот и во следните две години. После освоениот пехар во Купот и излезот во Европа кој се чинеше недостижен по првиот дел од сезоната, Македонија ЃП се реши да му даде нов двегодишен договор, со што Бајрами прифати да го води тимот до 2025 година.

Веста ја потврди и самиот Бајрами кој ја доби шансата да го води тимот во текот на сезоната, и максимално ја искористи со тоа што успеа да го внесе тимот во топ 4, а потоа и да го освои трофејот во Купот по победата над Силекс во финалето на пенали со 4-3.

„Со задоволство прифатив да го водам тимот на Македонија ЃП и во следните две години. Чест ми е и задоволство да сум дел од овој тим, и се надевам на уште успеси во иднина“, ни изјави Бајрами.

Бајрами во октомври ја презема екипата од Александар Таневски, откако беше најпрво помошник. Потоа имаше серија на победи со кои тимот стигна да се бори за Европа преку првенството. Откако се пласираше на четвртото место, со освоениот Куп го однесе тимот во Лигата на Конференции следната сезона.

Се вчитува...