Мугуруза не се откажува од УС опен – Ќе играм на сите турнири на кои ќе ми биде дозволено

Поради пандемијата од коронавирусот се очекува голем број од европските тенисери да не настапат на УС опен. Симона Халеп и Елина Свитолина се меѓу првите кои најавија дека најверојатно нема да бидат дел од американскиот грен-слем. Од друга страна Шпанката, Гарбињ Мугуруза вели дека планира да биде дел од турнирот.

„Ќе ги одиграм сите турнири на кои ќе ми биде дозволено. Родена сум да се натпреварувам и како таква се радувам на враќањето на терените“, изјави Мугуруза. 

И покрај намерата Мугуруза да патува во САД, сепак американската турнеја се уште е во прашање бидејќи секој ден бројките на заразени со коронавирус се се поголеми, а веќе е одлучено да се откаже турнирот во Вашингтон.

Се вчитува...