Мурат Јакин го објави списокот за Македонија: Џака, Аканџи, Родригез, Емболо…

Селекторот на швајцарската фудбалска репрезентација, Мурат Јакин го објави списокот на играчи на кои ќе смета за претстојните предизвици, потврдувајќи дека во Скопје доаѓа со најсилното можно оружје. Меѓу повиканите се искусните: капитенот Гранит Џака, дефанзивците Мануел Аканџи и Рикардо Родригез, како и офанзивците Брил Емболо и Ремо Фројлер.

Ова ќе биде прв натпревар меѓу Македонија и Швајцарија, репрезентации кои досега ниту еднаш се немаат соочено на фудбалскиот терен. Натпреварот ќе се одигра на 26 септември со почеток во 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Се вчитува...