Муратоглу: Новак има проблем со притисокот и анксиозност, нема физички проблеми

Славниот тениски тренер, Патрик Муратоглу, го анализираше поразот на Новак Ѓоковиќ во првото на последниот годинешен грендслем турнир, САД Опен.

Муратоглу кој сега работи со Стефанос Циципас, а најдобрите моменти во кариерата ги имаше како тренер на Серена Вилијамс, смета проблемите на Ѓоковиќ не се од физичка природа туку од ментална.

„Колку пати сте слушнале дека Новак повеќе физички не може да издржи? Јас во тоа не верувам. Напротив, мислам дека станува збор за ментални проблеми кои му создаваат физички проблеми. Да, болката е физичка, во проблемот е ментален. Имам впечаток дека за проблемите „виновни“ се анксиозноста и притисокот. Кога ќе излезете на теренот, а знаете дека не сте максимално подготвени, тоа предизвикува голем стрес и мислам дека поради тоа му е тешко на Новак. Тој во неговиот документарец вели дека повеќе се чувствува како сопруг и родител отколку како тенисер. Мислам дека преку глава му е од тренинзи, медиуми и сите обврски поврзани со тенисот“, вели Муратоглу.

Се вчитува...