Мурињо: Ако добие шанса, Роналдо пред Меси би ја освоил Копа Америка

Легендарниот португалски менаџер Жозе Мурињо повторно упати провокации кон еден од најдобрите фудбалери на денешницата Лионел Меси, велејќи дека доколку КОНMЕБОЛ сака да ја зголеми посетонаста на натпреварите на Копа Америка, ќе мора да упати специјални покани за европските селекции, меѓу кои мора да биде и Португалија, бидејќи Кристијано Роналдо има поголеми шанси да го освои натпреварувањето од Лионел Меси.

„Ако КОНМЕБОЛ сака да ја зголеми посетонста на трибините на натпреварите на Копа Америка, треба да ги поканат европските земји како Шпанија, Франција и Португалија. Кога би ја повикале Португалија, Кристијано Роналдо би можел да го освои натпреварувањето пред Лионел Меси“, изјави Мурињо. 

Познато е дека Мурињо повеќе го почитува Роналдо од Меси, што и не е чудно бидејќи покрај тоа што се сонародници  соработуваа во Реал Мадрид.

Се вчитува...