Мурињо договори „кам-бек“ во Реал Мадрид, Бенфика му најде и замена

Реал Мадрид и Жозе Мурињо постигнаа усмен договор за соработка. Како што објави „Ас“, сите детали се финализирани, а Португалецот денес ќе го одигра својот последен натпревар како менаџер на Бенфика. Лисабонскиот тим ќе игра на гостински терен против Есторил во последното коло од португалското првенство.

На крајот од сезоната, Реал Мадрид ќе ѝ плати на Бенфика откупна клаузула од 3 милиони евра за својот тренер. Португалскиот клуб, пак, веќе го избра наследникот на Мурињо на функцијата главен тренер. Станува збор за Марко Силва од Фулам.

Силва беше во комбинација и за други клубови, меѓу кои и Тотенхем, Челси, но на крајот веројатно ќе се врати во Португалија после 11 години пауза, откако го предводеше Спортинг Лисабон.

Се вчитува...