Мурињо дојде во Милано на преговори со Интер

Италијанскиот калчолигаш Интер сака да го врати Жозе Мурињо на „Џузепе Меаца“ од следната сезона. Помина речиси една деценија од големиот успех и освоената тројна круна под негово раководство, период во кој и македонскиот ас Горан Пандев беше дел од „нероаѕурите“, и челниците на Интер посакуваат повторно да го имаат Португалецот на клупата.

Тој синоќа допатува во Милано и денеска ќе има состанок со спортскиот директор Џузепе Марота, за да го преземе кормилото по завршувањето на сезоната. По трите меча без победа во Серија А, се зголемува притисокот кон актуелниот тренер Лучијано Спалети. Во моментот, Интер се наоѓа на третата позиција на табелата со 11 бода заостанување во однос на Наполи и дури 20 во однос на лидерот Јувентус.

Се вчитува...