Фудбалерите на Реал Мадрид стигнаа до нова победа во домашниот шампионат откако славеа против Рајо Валјекано со 4-1 во 5. коло во Ла лига.
По мечот стратегот на „кралевите“, Жозе Мурињо изјави дека е задоволен од победата, но дека не е задоволен од тоа што неговите избраници промашуваат многу шанси…
„Постигнуваме многу голови, но исто така пропуштаме огромен број шанси. Кога напаѓаме, ние сме тим со интензитет. Не сме од типот на тим што поминува десет минути додавајќи ја топката пред да шутира ние сме френетични, а кога ќе забрзате, одлуките стануваат потешки. Еден ден, некој противник ќе плати за сите пропуштени шанси, и ќе постигнеме шест или седум гола. Но, среќен сум со оваа брза победа“, изјави Мурињо
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
