Мурињо глумеше „специјален“, па среде „Вембли“ се испружи на земја (видео)

Жозе Мурињо не крие дека се смета себе си за „специјален“, но ваквиот третман придонесе тој да се посрамоти во пресрет на синоќешниот натпревар меѓу Англија и Шпанија.

Имено, Мурињо пристигна во Лондон и при влезот кон ВИП-ложата на „Вембли“ не сакаше да мине како сите останати гости, туку ја прескокна оградата. Или подобро речено, се обиде да ја прескокне, бидејќи Португалецот две секунди подоцна се најде испружен на „патосот“ на англискиот храм на фудбалот.

Набрзина стана и се упати кон ВИП-делот, но на „сеирџиите“ им остави доволно време и простор за фотографии.

Се вчитува...