Мурињо има „машина“ на располагање – Реал го понижи Шалке 04 (ВИДЕО)

Реал Мадрид на Жозе Мурињо изгледа моќно, а Шалке го почувствува тоа денес во пријателски натпревар во Гелзенкирхен, во кој „кралевите“ победија со 3-0.

Секако, Реал не играше со полна пареа. И покрај тоа, лесно ја завршија работата во овој дуел.

Веќе во шестата минута, Килијан Мбапе ја користи големата грешка на одбраната на домашниот тим и постигнува гол за 1-0.

По 20 минути игра, веќе беше 2-0. Овој пат, Дин Хујсен го претвора центаршутот на Гулер од корнер во гол.

Разликата лесно можеше да биде поголема, но резултатот беше 2-0 на полувремето.

Продолжението на натпреварот носи само еден гол во мрежата на германскиот тим. Во 57. минута, новиот напаѓач на Реал, Еспи, го зголеми резултатот на 3-0 и тоа беше конечниот резултат на овој натпревар.

Се вчитува...