Мурињо има рок до Божиќ, или ќе добие отказ

Реал Мадрид во јавните настапи бара вина кај судиите за слабиот старт на сезоната, но на Флорентино Перез му е јасно дека голем дел од проблемите лежат и во самиот „кралски клуб“.

Имено, Перез е бесен на фактот дека веќе во септември има шест бода заостанување зад Барселона и јасно му ставил до знаење на Жозе Мурињо дека очекува многу подобри игри и резултати во периодот што следи. Како што јавуваат мадридските медиуми, Мурињо е сигурен само уште неколку месеци, но добил јасна порака – до Божиќ мора да најде излез од големата криза или Реал ќе почне да разгледува нови опции како тренер.

Флорентино и Жозе имаат специјална врска уште пред повеќе од една деценија, но првиот човек на Реал јасно стави до знаење дека нема да трпи нови неуспеси.

Барса стигна до титулата во последните две сезони, а Флорентино е решен да стори се за да ја прекине доминацијата на лутиот ривал, кој згора на тоа делува незапирливо во моментов. Мурињо има околу три месеци за да ја сврти работата во своја полза, или овој престој на „Сантијаго Бернабеу“ ќе му биде неочекувано краток.

Се вчитува...