Мурињо ја одреди цената за Погба

Жозе Мурињо дефинитивно го загуби трпението со Пол Погба и даде зелено светло за францускиот ас на крајот од сезонава да си замине од Манчестер јунајтед. Французинот имаше краток блесок со два гола на градското дерби со Манчестер сити, но потоа одигра катастрофално против ВБА, поради што беше заменет на самиот старт од второто полувреме.

Мурињо претходно инсистираше Погба да му биде доведен на „Олд трафорд“, но односите меѓу двајцата сега се сериозно нарушени, а „специјалниот“ планира да го наметне својот авторитет со тоа што ќе го продаде најскапиот фудбалер во клупската историја. Британските медиуми објавија дека Мурињо ја одредил и цената за Погба, и тоа точно 105 милиони евра, сумата што Јунајтед ја плати за овој фудбалер на Јувентус пред две години.

Иако цените на фудбалскиот пазар во меѓувреме значително скокнаа, Мурињо сака само да си ги врати вложените пари, не и да оствари профит, се со цел што поскоро да го продаде фудбалерот што му го нарушува авторитетот во соблекувалната.

ПСЖ не крие дека се обидува да го доведе Погба, понуда најави и Реал Мадрид, а со оглед на сумата што се бара и двата европски гиганти се подготвени за разговори со Јунајтед.

Се вчитува...