Мурињо ја отвори душата: Бенфика е Бенфика, но да не се лажеме Реал Мадрид е Реал Мадрид

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, призна дека постои можност за негово враќање во Реал Мадрид, но истакна дека во моментов е многу поблиску до останување во Лисабон.

Искусниот стручњак успеа да го разбуди португалскиот гигант и да го врати во борбата за најголемите трофеи, но титулата се уште недостасува, па во последните денови се повеќе се зборува за можно враќање на „Сантијаго Бернабеу“.

Мурињо откри дека неговиот агент Жорже Мендеш веќе разговара со челниците на мадридскиот клуб.

„Во моментов 99 проценти сум за останување во Бенфика, бидејќи имам договор и понуда што сè уште не сум ја погледнал, но агентот ми рече дека станува збор за исклучително добра понуда. Во моментов немам ништо од Реал Мадрид, но, повторувам, никој од нас не е наивен, единственото нешто што моментално постои се разговорите меѓу Жорже Мендеш и структурата на Реал Мадрид“, рече Мурињо.

Потоа Португалецот зборуваше за тоа колку е тешко да се одбие поканата на кралскиот клуб.

„Зависи од понудата, од тоа што сакаат од мене. Не станува збор за едно евро повеќе или помалку, туку за тоа што сакаат од мене, дали сум во можност да го исполнам она што го бараат, работниот профил што ми го нудат“, заврши Мурињо. 

Се вчитува...