Мурињо ќе преспие на врвот, Тотенхем со лекција за Сити

Тотенхем уште еднаш ја потврди својата кандидатура во трката за титулата откако „спарси“ вечерва целосно го надиграа и апсолутно заслужено го совладаа Манчестер Сити со 2-0. Жозе Мурињо ја доби тактичката пресметка со Пеп Гвардиола, Португалецот целосно ги неутрализираше главните оружја на „граѓаните“, воедно одлично ги користеше сите грешки и несигурности кај дефанзивците на „граѓаните“, кои продолжуваат со бледите игри од ланската сезона.

Сон ја продолжи серијата погодоци отворајќи го резултатот по само десетина минути игра. Гостите воопшто не внимаваа на Ндомбеле, оставајќи му простор и време на овој фудбалер да го проигра одлично Сон, а Кореецот во манир на голем стрелец го матираше Едерсон. Сити постигна гол за израмнување преку Лапорт, но истиот беше поништен поради играње со рака на Габриел Жезус.

Генијалноста на Мурињо се виде на дело во 65. минута, кога Португалецот го внесе во игра Ло Целсо, а Аргентинецот само триесетина секунди подоцна, со својот прв допир со топката ги постави конечните 2-0.

Тотенхем со овој триумф се искачи на чело на табелата, со два бода предност пред Лестер и Челси, со тоа што „лисиците“ имаат и меч помалку од „спарси“, дербито што утре треба да го играат на „Енфилд“ против Ливерпул.

Се вчитува...