Мурињо: Лошата форма на Погба нема врска со неговите повреди

Нешто од поодамна не ’штима’ меѓу тренерот на Манчестер јунајтед и неговиот скапоцен фудбалер од средниот ред Пол Погба, без разлика на тоа што „црвените ѓаволи“ уверуваат на спротивното.

Дали е проблем во тактиката на Мурињо која не му одговара на Французинот, или во односот на Погба кон играта, прашање е за поопширна анализа но сосема е јасно дека лошата форма нема врска со повредата која ја имаше неодамна. Барем така тврди Мурињо.

„Мислам дека е потполно здрав откако се опорави од повредата. Беше тоа тешка побреда. Но, неговото заздравување беше навистина успешно. Мислам дека тој е повеќе од добро, што се однесува до повредата. Често кај фудбалерите по таква повреда, по извесен период се враќаат и проблемите… Но, тоа не е случај со него. Неговата форма нема врска со повредата. За формата ќе треба да го прашате него кога ќе имате можност, и кога тој ќе размисли за тоа. Јас си ја работам мојата работа, тоа е единствено што можам. Некои други нешта навистина не можам“ – вели Мурињо.

Се вчитува...