Мурињо: Ми недостига стариот фудбал

Тотенхем забележа победа над Брајтон, но Жозе Мурињо повторно имаше причина да биде незадоволен од судискиот критериум, по очигледниот прекршок што беше досуден при голот на противникот, одлука што главниот судија не ја промени ниту по прегледувањето на видео-снимката со ВАР.

„Искрено, не сакам да зборувам премногу, бидејќи имам кажано буквално се, не знам што би додал. Имам свое мислење, но што кога ќе го кажам, која е смислата кога ништо не се менува… Искрено, ми недостига стариот фудбал, само со технологија на гол-линијата, без помош од ВАР“, истакна Мурињо.

Тотенхем со триумфот над Брајтон скокна на второто место на премиерлигашката табела, со само два бода заостанување зад водечкиот Ливерпул.

Се вчитува...