Реал Мадрид повторно си ја искомпликува судбината откако „кралевите“ дозволија Елче да се врати од 0д 0-2 до 2-2. Тимот на Жозе Мурињо на крајот преку Еспи стигна до победата, но португалскиот стратег има причина за загриженост откако неговиот тим повторно се најде во проблеми откако поведе и имаше контрола, дозволи голем пад во второто полувреме, па мораше да се вади во последните минути од натпреврот.
Реал имаше голем пад во второто полувреме и во претходното коло, по 3-0 на домашен терен со Рајо, тогаш гостите не реализираа неколку шанси при 3-1 целосно да се вратат во мечот, но Елче со два гола во второто полувреме ја загорчи судбината на скапите ѕвезди од Мадрид.
„Најважни се трите бода, а ние ги освоивме. Ако за нешто треба да сум критичен, тоа е фактот дека не знаеме како да ги „закопаме“ противниците. Имавме два гола предност, неколку одлични шанси за трет погодок, а потоа застанавме. Не постоеше ниту една причина да престанеме да играме како во првото полувреме, а нам ни се случи токму тоа. На крајот победивме и тоа е најважно, но постои проблем што ќе мораме да го отстраниме да не ни се повторува во иднина“, истакна Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
