Мурињо на промоцијата: Не треба да се зборува многу, туку да се работи

Жозе Мурињо веќе еден месец ги раководи подготовките на Реал Мадрид за новата сезона, „специјалниот“ на почетокот од летово потпиша за најтрофејниот европски клуб, но Реал дури денеска и официјално го промовираше португалскиот стратег за нов шеф на стручниот штаб.

Она што е интересно, на промоцијата не беа присутни новинари, па до јавноста беше испратена само официјална изјава на Мурињо преку клупските профили на социјалните мрежи.

„Не сакам многу да зборувам бидејќи зборовите не се доволни. Треба да се работи, ова е како мисија, мора да се стори се за да исполни мисијата, да се остварат очекувањата. Јас сум дојден за да помогнам сите околу мене да бидат подобри, да создадам култура на рабоота, одговорност, амбиција… да потсетам каква чест е да се биде дел од Реал Мадрид. И лично, многу ми се допаѓа тој концепт“, изјави Мурињо.

За Португалецот ова е втора авантура на „Сантијаго Бернабеу“, откако тој седеше на клупата на „кралевите“ од 2010 до 2013 година.

„Се чувствувам како да се враќам дома. Емотивно гледано, ова е уште поубаво искуство бидејќи тогаш бев опседнат со искачување на врвот, сега многу повеќе ќе уживам во фактот дека сум дел од Реал Мадрид. Отсекогаш сум бил Мадридиста, еден од вас, среќен сум што повторно ќе имаме причини за заедничка радост“, им порача Жозе Мурињо на фановите на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...