Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо е заинтересиран во зимскиот преоден рок да се обиде да го ангажира фудбалерот на Арсенал, Мартин Зубименди.
Мурињо во Зубименди гледа идеално решение кое треба да донесе сигурност во средниот ред, откако во првите шест кола во Ла Лига, „кралевите“ имаа проблеми со контролата на топката.
Зубименди има договор со Арсенал до 2030 година, а вредноста на трансфер пазарот му изнесува 75 милиони евра, но сигурно е дека Реал ќе мора да плати доста повеќе доколку сака да го добие Шпанецот во зимскиот преоден рок.
Пред да потпише за Арсенал во 2025 година, Мартин Зубименди го носеше дресот на Реал Сосиедад. За шпанската репрезентација досега настапи на 27 натпревари и има постигнато три гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
