Жозе Мурињо се вклучи во вечната дебата околу тоа кој фудбалер е најдобар на сите времиња, дали Кристијано Роналдо или Лионел Меси. А Португалецот не би бил „специјален“ ако на прашањето не одговореше – ниту еден од двајцата.
Поточно за Мурињо најдобар светски фудбалер на сите времиње е Роналдо, но не Кристијано туку Бразилецот Луис Назарио да Лима.
„Секако, Меси и Кристијано петнаесетина години се на врвот на светскиот фудбал, тоа се кариери што ретко кој ќе може да ги надмине. Сепак, за мене Роналдо е најдобриот што некогаш го имам видено. Начинот на кој Бразилецот играше на 19 години, тоа беше нешто неверојатно. За жал, повредите ја убија најголемата кариера што некогаш некој можеше да ја има, бидејќи никој не играше фудбал како Бразилецот Роналдо. Ако говориме за талент, со него не можат да се мерат ниту Меси ниту Роналдо“ – изјави Мурињо
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА