Мурињо: Ни се случи фудбал, мислевме дека се готови, не казнија

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, признава дека дека неговиот тим се опуштил при водството од 3-0 против Вест Хем  мислејќи дека противникот е готов и затоа добил казна. Со три гола во последните осум минути од натпреварот, Вест Хем се врати по големата негатива и извлече драматично реми од 3-3. Мурињо признава дека неговиот тим платил висока цена.

„Мислам дека верувавме дека не може да ни се случи ова што ни се случи и бевме казнети за тоа верување. Ќе зборувам со фудбалерите. Едноставно не бевме доволно силни за да ги издржиме последните 10 минути“ – речи Мурињо по натпреварот.

За Тотенхем ова е втор нерешен исход во петте одиграни кола. Има осум бода и е на шестата позиција на табелата во Премиер-лигата. Вест Хем е две места подолу, а има еден бод помалку.

 

 

 

Се вчитува...